ПСЖ тргнува по Хамес Родригез

Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез нема да остане на „Алијанц арена“ откако Баерн Минхен одлучи да не го откупи неговиот договор од Реал Мадрид, но следната сезона би можел да ја одигра во дресот на Пари Сен Жермен. Францускиот првак сака да го доведе на „Паркот на принцовите“ и подготвен е да плати 50 милиони евра за неговите услуги.

Колумбиецот изминатите две сезони ги одигра во дресот на Баерн Минхен како позајмен играч од Реал Мадрид и треба да се врати на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, тренерот Зинедин Зидан не го гледа во тимот за следната сезона и тој ќе биде ставен на трансфер – листа, а ПСЖ сака тоа да го искористи и да го доведе во Париз. Тренерот Томас Тухел верува дека Хамес Родригез ќе донесе голема креативност во играта на „светците“.

Се вчитува...