ПСЖ тргнува по потписот на Рафаел Леао

Килијан Мбапе изгледа никогаш не е поблиску до трансфер во Реал Мадрид ова лето, што ќе остави празно место во Пари Сен Жермен. Како негова замена од Милан ќе биде доведен Рафаел Леао, пренесува „Ле Паризиен“.

Италијанскиот „Кориере дело спорт“ се надоврзува на целата приказна и пишува дека доколку конечно се случи трансферот, знаат само едно – Леао ќе се пресели од Милано во Париз.

Португалската ѕвезда во договорот со Милан има клаузула од 175 милиони евра, што значи дека доколку „светците“ се подготвени да платат толку, тој може да премине во нивните редови.

Овој 24-годишен напаѓач во последно време неколку пати истакна дека е задоволен од италијанскиот клуб, но од друга страна, некои извори пренесуваат дека преселбата во ПСЖ би била интересна, доколку е дел од долгорочен проект.

Се вчитува...