ПСЖ влезе во трката за Николас Пепе

Францускиот првак Пари Сен Жермен влезе во трката за ангажман на крилниот напаѓач на Лил, Николас Пепе. За него се заинтересирани дел од најголемите европски клубови, но Лил не сака да слушне за разделба без да инкасира 100 милиони евра.

Раководството на „светците“ ќе ја израмни понудата од 90 милиони евра која ја испрати Интер, а во трката се и Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Како што открива „Паризиен“, Пари Сен Жермен е подготвен да му понуди најдобри лични услови на фудбалерот за да се пресели на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...