ПСЖ во Арсенал го пронајде наследникот на Рабио

Францускиот првак Пари Сен Жермен е во интензивна потрага по нов квалитетен играч од средниот ред кој ќе треба да го наследи Адриен Рабио, фудбалерот кој одлучи да не го продолжи договорот и ќе си замине во летниот преоден рок. За него се заинтересирани Барселона и Ливерпул, а тренерот Томас Тухел неговиот наследник го пронајде во составот на Арсенал.

Матео Гендузи, младиот играч за врска на „топчиите“ е првиот „пик“ на Тухел како засилување за менаварот по завршувањето на сезоната. Раководството на Пари Сен Жермен е подготвено да плати 60 милиони фунти за да го доведе на „Паркот на принцовите“. Гендузи дојде во Арсенал од Лориен за само 7 милиони фунти, а по една сезона би можел да замине за речиси десет пати поголема сума.

Се вчитува...