ПСЖ во Ливерпул ја најде замената за Меси

Претседателот на ПСЖ Насер ел Келаифи се обидува да го убеди египетскиот напаѓач Мохамед Салах да дојде во Париз, пренесуваат тамошните медиуми.

Првиот човек на „светците“ наводно се сретнал со Египќанецот во Париз и му го презентирал планот за идната сезона. ПСЖ веќе остана без Лионел Меси, а може да остане и без целото трио, со оглед дека пред заминување се и Килијан Мбапе и Нејмар.

Француските медиуми шпекулираат дека ПСЖ не сака ништо да остави на случајот и дека бара ново напаѓачко трио за следната сезона.

Египетскиот играч истакна желба да остане во Ливерпул со кој има договор до јуни 2025 година, но ПСЖ е подготвен со соодветно обесштетување да го „намами“ Салах да пристигне на „Паркот на Принцовите“.

Се вчитува...