ПСЖ во небрано: Мбапе суспендиран, Нејмар на „дисциплинска“

Во таборот на ПСЖ со нетрпение очекуваат сезонава што поскоро да заврши, но како што се ближи финишот, така и главоболките за тренерот Тухел се повеќе се зголемуваат.

Килијан Мбапе денеска беше казнет со три натпревари неиграње, суспензија заработена по црвениот картон во финишот од куп-финалето против Рен. Според правилникот во францускиот фудбал, куп-казните се пренесуваат и во првенството, па Мбапе не играше на последниот меч со Монпелје, а сега ќе ги пропушти и наредните две средби на „светците“.

За проблемите на шампионот да бидат уште поголеми, беше обелоденето и дека се отвора дисциплинска постапка против Нејмар поради удирањето на навивач за време на церемонијата по завршувањето на куп-финалето. Санкцијата за Бразилецот ќе биде објавена дополнително, но големи се шансите тој да биде ригорозно казнет и да го пропушти и стартот на наредната сезона.

Се вчитува...