ПСЖ во нова амбициозна мисија: Тандемот Зидан – Венгер на чело на „светците“

Маурисио Покетино можеби и натаму е тренер на ПСЖ, но секојдневно се појавуваат нови шпекулации околу неговата иднина и се поизвесно е дека Аргентинецот на крајот од сезонава ќе си замине од „Паркот на принцовите“. Најновата информација на француските медиуми говори дека амбициозната управа на „светците“ има нов супер-план, во Париз да ги обедини двата генијални фудбалски „умови“,Зинедин Зидан и Арсен Венгер.

Зидан неодамна ја одби понудата да дојде во ПСЖ со образложение дека не сака да презема проект среде сезона, но ситуацијата ќе биде сосема поинаква доколку „светците“ сакаат да го договорат од јули 2022 година. Тој сонува за камбек во татковината, веќе не сака да чека отказ на Дешамп од селекторската функција во француската репрезентација, па сериозно ја разгледува опцијата за преселба на клупата на

Арсен Венгер би ја имал улогата на ментор и советник на Зидан, кој би бил главен тренер. Венгер повеќе би бил ангажиран околу скаутингот и развојот на младинската академија, за разлика од Зидан кој исклучиво би работел со првиот тим. Не се исклучува ниту можноста Венгер да биде именуван во нов спортски директор на клубот, што би значело отказ за Бразилецот Леонардо, кој во изминатиот период имаше конфликти со неколку фудбалери на ПСЖ.

Се вчитува...