ПСЖ во нова офанзива по „наполитанецот“ Алан

Францускиот првак Пари Сен Жермен доминантно ќе освои нова титула на домашната сцена, но клубот посакува успех во Лигата на шампионите. Тренерот Томас Тухел веќе се подготвува за летниот преоден рок, а во план му е да ангажира нов играч за врска. И повторно ќе се обиде да го ангажира Бразилецот Алан од Наполи.

Имаше обиди и минатото лето, но на крајот Алан одлучи да остане во Неапол. Сега ПСЖ има поинаков план. Да го искористи сонародникот Нејмар да го убеди Алан дека во Париз ќе му биде одлично. ПСЖ е подготвен да плати 60 милиони евра за да го добие фудбалерот за врска на италијанскиот калчолигаш.

Се вчитува...