ПСЖ во офанзива по Тони Крос

Тони Крос е фудбалерот што е главна желба на ПСЖ за летниот преоден рок, откако „светците“ најавиле ремонт на средниот ред по најновото разочарување во Лигата на шампионите. Ал-Келаифи е решен да доведе врвен плејмејкер кој би донел стабилност на клучните натпревари, а 29-годишниот Крос одлично влегува во овој опис, со оглед на фактот дека станува збор за играч кој освоил се што може да се освои со Реал Мадрид.

Понудата што ПСЖ ја подготвува за овој фудбалер е со висина од 80 милиони евра, сума за која Флорентино Перез сериозно ќе размисли пред да ја одбие, особено во период кога тренерот Зидан најавува целосен ремонт на тимот. Останува да се види дали „Зизу“ би дал зелено светло за и Крос и Модриќ да си заминат во ист преоден рок. Желба на Зидан е Данецот Ериксен да дојде од Тотенхем како замена за Модриќ, но евентуалното заминување на Крос би создало уште поголема „дупка“ во тимот што ќе треба да се реши со носење на нов играч од највисока класа на „Сантијаго Бернабеу“.

„Светците“ претходно покажаа интерес и за Нголо Канте, но експресно се повлекоа откако францускиот репрезентативец јасно стави до знаење дека нема намера да си замине од Челси.

Се вчитува...