ПСЖ во офанзива: Верати и пари за Пол Погба

Пол Погба повторно е актуелен со можно заминување од Манчестер јунајтед, откако Пари сен Жермен најави офанзива за враќање на францускиот ас во татковината. Тој целата своја кариера ја мина во странство, почнувајќи од младинската школа на Јунајтед, преку Јувентус па назад во Манчестер, но челниците на ПСЖ се подготвени да го вратат Погба во Франција.

Како што јавуваат британските медиуми, понудата ќе биде премногу добра за да биде одбиена бидејќи „светците“ во неа ќе го вклучат и Марко Верати. Италијанкиот ас се наоѓа на листата со желби на неколку европски гиганти, меѓу нив и Манчестер јунајтед, па челниците на ПСЖ се надеваат дека со Верати и доплата од околу 20 милиони евра ќе успеат да го комплетираат трансферот на Погба на „Паркот на принцовите“.

Новиот тренер Тухел веднаш по доаѓањето јасно ставил до знаење дека не е премногу импресиониран од Верати, наредувајќи му на италијанскиот плејмејкер да ги намали килограмите. Челниците на клубот ги стопирааа преговорите за нов договор, па сега се очекува Италијанецот во текот на летово да си замине од Париз. Јунајтед делува како одлична опција и за него и за клубот доколку стигне до Погба за возврат.

Се очекува зелено светл за една ваква размена да даде и Жозе Мурињо, кој во бројни наврати изминатата сезона влегуваше во конфликт со Пол Погба, оставајќи го Французинот на клупата на дел од најважните натпревари.

Се вчитува...