Иако во Франција се најавуваше како дерби за титулата во Лига 1, Пари Сен Жермен без проблеми славеа против Ленс на домашен терен со 3-1 во натпреварот меѓу прво и второпласираниот тим.
„Светците“ уште во првото полувреме ги разрешија сите дилеми околу победникот со головите на Мбапе, Витиња и Нејмар, а на сето тоа им помогна и директниот црвен картон кој го доби Абдул Самед.
Мбапе со постигнатиот гол на овој меч стана најдобар стрелец во историјата на ПСЖ во Лига 1. Во вториот дел гостите само го ублажија поразот (3-1) преку Франковски од пенал во 60. минута.
PSG [2] – 0 Lens – Vitinha great goal 37′
by u/Todibo in soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА