ПСЖ заслужува фудбалери, а не платеници…

Елиминацијата од Манчестер Јунајтед придонесе експресно да зовријат страстите во таборот на ПСЖ. Претседателот Ал Келаифи најави дека ќе дојде до промени во играчкиот кадар, а гласот го кренаа и навивачите, кои ги нарекоа фудбалерите на ПСЖ – платеници, јавно критикувајќи ги за своето незалагање на теренот.

„Фудбалерите кои го носат овој дрес треба да ги бранат клупските бои и да чувствуваат долг кон клубот, навивачите и сите вработени… Ние не сме навивачи само кога победуваме, но нема да дозволиме фудбалери без гордост да го остават нашиот клуб во калта. ПСЖ заслужува фудбалер, а не платеници кои се поизаинтересирани за платата отколку за настапите за нашиот тим“ – се вели во соопштението на навивачите на францускиот првак.

Како што стојат работите Тухел ќе остане на чело на „светците“ и за наредната сезона, а интересно ќе биде кои фудбалери покрај Рабио ќе си заминат од „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...