ПСЖ знае како да „војува“ со пари – астрономска понуда за Пол Погба

Работата на ПСЖ на трансфер-маркетот оваа година ќе биде запомнета како една од најдобрите во историјата на фудбалот. Парижани успеаја во своите редови да ги донесат Џорџињо Вајналдум, Џанлуиџи Донаруима, Серхио Рамос и Лео Меси како слободни играчи, а притоа беа издвоени средства за ангажаманот на Ашраф Хакими и Данило Переира.

„Светците“ формираа мега-тим, но немаат намера да престанат со ангажман на нови фудбалери, а рецептот „пазари беспари“ ќе се обидат да го искористат и следната година за ангажман на Пол Погба. Договорот на Французинот со Манчестер Јунајтед истекува на крајот на оваа сезона, а ПСЖ веќе подготвил астрономска понуда за играчот од средниот ред.

Имено, парижани се подготвени да му понудат 600 илјади евра недела плата на репрезентативецот на Франција со цел да го придобијат неговиот интерес пред Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, пренесуваат медиумите на „Островот“.

Доколку ПСЖ успее да го примами Погба во своите редови тој би постанал еден од најплатените фудбалери на „Паркот на Принцовите“, веднаш зад Лео Меси и Нејмар со годишна плата од речиси 29 милиони евра.

Се вчитува...