Пу-пу не важи: Ибрахимовиќ потпиша за Зенит, или сепак не?!

Заминувањето на Златан Ибрахимовиќ од Манчестер јунајтед предизвика лавина од реакции и шпекулации околу иднината на еден од најдобрите голгетери на денешницата.

Дел од руските медиуми најавија дека Ибракадабра е многу близу да му се придружи на Роберто Манчини во Зенит, а овие шпекулации добија на тежина откако на инстаграм-страницата на клубот од Санкт Петербург се појави и фотографија од Швеѓанецот во дресот на Зенит. На оваа фотографија се „навлекоа“ и бројни европски медиуми тврдејќи дека трансферот е пред реализација, за истата да биде избришана неполн час подоцна.

Се уште е неизвесно дали воопшто имало сериозни преговори меѓу двете страни, иако е јасно дека Зенит може да си дозволи да ги задоволи огромните финансиски барања на Ибракадабра, кој е достапен за трансфер без никаква отштета.

Манчини не крие дека му е неопходен голгетер од светска класа за да го врати клубот на тронот на рускиот фудбал и Златан дефинитивно би бил огромен адут во новата сезона, но останува да се види дали Зенит ќе успее да го убеди Швеѓанецот да замине во ладната Русија, во ситуација кога го бараат и клубови од врвните европски лиги, но и раководството на ЛА галакси.

Се вчитува...