„Пу-пу не важи“ – Ќе се повтори ждрепката во ЛШ поради спорната ситуација со Манчестер јунајтед

Ждрепката во Лигата на шампионите ќе биде повторена откако се случи спорната ситуација со Манчестер јунајтед. Имено при влечењето на Вилјареал, Андреј Аршавин го избра Манчестер јунајтед за противник на шпанскиот клуб, откако претходно место „црвените ѓаволи“ да се најдат во барабанот за дуел против Атлетико, таму се најде Ливерпул, тим со кого „душекчиите“ беа во групата.

Сето ова кумуваше со тоа во првата нокаут фаза да се сретнат ПСЖ и Манчестер јунајтед, односно Баерн Минхен и Атлетико Мадрид. УЕФА излезе со официјално соопштение во кое вели дека поради проблеми со софтверот за информации кои биле упатени кон лицата задолжени за ждребот, тој ќе мора да се повтори.

Новиот ждреб за осминафиналето во ЛШ е закажан за во 15 часот.

 

Се вчитува...