Пу-пу не важи: Купот не во април, туку…

Завршниот турнир од Купот на Македонија нема да се игра претстојниот викенд, но ниту на 12 до 14 април како што објави МКФ.

Од македонската куќа на кошарката најпрвин го објавија април како нов термин, за потоа да се премислат.

„Датумот на одигрување ќе биде дополнително одреден“ – објави МКФ во новото соопштение.

Неофицијално, до нова промена на терминот доаѓа бидејќи во предвид не бил земен фактот дека МЗТ Скопје еден од своите натпревари за баражот за влез во АБА1 лигата треба да го игра токму во овој период, па бранителот на трофејот нема да биде во можност да настапува на завршниот турнир од Купот на Македонија.

Се очекува во следните 48 часа да се донесе и конечна одлука, за дефинитивно да се отстранат сите дилеми околу терминот на одигрување на куп-завршницата.

Се вчитува...