Публиката во Париз со скандирање „Роџер, Роџер…“ само го мотивираше Ѓоковиќ за триумф над Руне (ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на АТП Мастерсот во Париз откако во три сета славеше против Холгар Руне со 7-5, 6-7(3) и 6-4.

Ѓоковиќ го доби првиот сет со 7-5, а потоа низ длабока неизвесност во вториот сет Руне возврати во тај-брејк со 6-7(3).

Вториот сет мина во максимална драма по бројните провокации од дел од публиката во Париз кон Ѓоковиќ, со постојани извикувања „Роџер, Роџер…“, што алудира секако на Федерер.

Но, сето тоа само очигледно го мотивираше српскиот тенисер кој во третиот сет доминираше со брејк уште во третиот гем и потоа за водство од 3-1 кое го одржуваше до крајот за 6-4 и заслужен триумф.

Претходно место во полуфиналето веќе обезбедија и Бугаринот Григор Димитров и Гркот Стефанос Циципас.

Се вчитува...