Пујол: Нејмар во Реал? Ништо чудно, мислам дека ќе се случи!

Поранешниот долгогодишен капитено на Барселона, Карлос Пујол вели дека Нејмар би можел да го засили Реал Мадрид.

Последниот период интензивно се шпекулира за незадоволството на Нејмар во ПСЖ, па се почести се најавите за негово враќање во Шпанија. Пујол е речиси сигурен дека Нејмар сака да оди во Реал Мадрид, а единствена пречка е високата сума која ќе мора да му се исплати на ПСЖ.

„Да, може да се случи Нејмар да го засили Реал Мадрид. Интуицијата ми говори и дека ќе се случи. Единствено мислам дека потешко ќе оди околу договорот за трансфер поради огромната сума, но гледаме дека во денешниот фудбал и тоа не е некаква пречка. Ако Нејмар одлучи да замине, тогаш и ќе замине“ – вели Пујол.

Пујол и Нејмар играа заедно една сезона во Барселона (2013/2014), по што легендарниот дефанзивец одлучи да се пензионира.

Се вчитува...