„Пука по шавови“ во Црвена Звезда: Караница меѓу Митровиќ и Вилдоза среде меч (ВИДЕО)

Не цветаат рози во таборот на Црвена Звезда и тоа е сосема од јасно, и по новиот пораз синоќа од Барселона во Евролигата.

Црвено-белите имаат три порази во последните четири натпревари во Евролигата, го загубија дербито од Партизан без разлика што во еден момент имаа и плус 20, а на сите тие размрдувања синоќа се дополни и караницата меѓу центарот на тимот, Митровиќ и плејмејкерот Лука Вилдоза. Очигледно е дека недостасува и хемија во соблекувалната.

Аргентинскиот плејмејкер седна на клупата во еден момент од вчерашниот натпревар, а Митровиќ остана над него се обиде да му „држи лекција“.

Проблемот настанал, како што се дозна по мечот, што Вилдоза направил два непотребни прекршоци. Тренерот Ивановиќ го извади од игра, а момент подоцна паркетот го напушти и Митровиќ, на кого очигледно не му се допаѓа начинот на кој Вилдоза игра за тимот.

Се вчитува...