Пукна тиквата во Белград – Борјан дефинитивно заминува од „Маракана“ поради Дејан Станковиќ

Голманот на Црвена Звезда, Милан Борјан побара раскинување на договорот со клубот. Оваа одлука е како последица на конфликтот со тренерот Дејан Станковиќ, нешто за што пишуваат медиумите од Србија минатите неколку дена.

До несогласување меѓу двајцата дошло по мечот со Радник кој се играше на Маракана. Борјан ден по завршување на есенскиот дел од сезоната, испратил барање за раскинување на договорот до раководството на тимот.

Радник во првиот меч сезонава стигна до полн плен против големиот фаворит, а во вториот натпревар успеа да освои бод со гол во 83. минута. Канадскиот интернационалец со клубот од Белград има актуелен договор до 2023 година, а раководстото засега не сака да му го прифати барањето за раскинување на договорот.

 

Се вчитува...