Пукна тиквата во Лацио: Сари го брка еден од клучните играчи од ланската сезона

Лацио разочарувачки ја стартуваше сезоната, римскиот клуб веќе заостанува 14 бода зад лидерот Милан, а тренерот Маурицио Сари вината за слабите резултати ја бара кај фудбалерите.

Поточно, Луис Алберто е играчот со кого Сари влезе во отворена војна, обвинувајќи го за слаби игри откако Шпанецот бараше трансфер во текот на летото, но не му беше дозволено да си замине од управата на римскиот клуб. Извори од таборот на „лацијалите“ тврдат дека „тиквата е целосно пукната“ и нема никакви шанси за смирување на страстите, Алберто е крајно разочаран од односот на тренерот и подготвен е во јануари да поднесе ново барање за трансфер.

Овојпат управата на клубот ќе даде зелено светло, се со цел да се намали тензијата во првата екипа, но и да се соберат пари со кои ќе биде доведена соодветна замена.

Милан е клубот што будно ја следи целата ситуација, со оглед на интересот што „росонерите“ го покажуваа за Алберто во изминатите десетина месеци. Понудата од Милано ќе биде за шестмесечна позајмица, со задолжителен откуп на крајот од сезоната, со вкупна вредност од 30 милиони евра. Лацио пред самиот крај на преодниот рок на идентичен начин се ослободи од напаѓачот Кореа, кој се пресели во Интер, а сега „росонерите“ ќе се обидат да го употребат истиот рецепт за да стигнат до потписот на  Луис Алберто.

Се вчитува...