Пукна тиквата во Париз: Конфликт меѓу Меси и ПСЖ?!

Во Париз се’ поочигледно е дека ништо не функционира кога Лео Меси е во прашање. Особено се зборува за лошиот однос на Аргентинецот со соиграчите, освен, секако, Нејмар. Сепак, покрај лошата атмосфера во клубот, големо е незадоволството и на семејството на Меси, кое не може да се навикне на Париз, но и за наводниот конфликт со клубот.

Имено, Лео Меси, односно неговиот тесен круг на луѓе, ги обвинуваат француските медиуми дека прават хајка против Аргентинецот. Вистина е дека не поминува ден некој во медиумите да не наведе дека Меси не покажал многу, дека не се вклопил, дека Килијан Мбапе значи многу повеќе за тимот.

Дел од медиумите се многу блиски со претседателот на ПСЖ, Ал-Келаифи, и имаат повластен третман кога се во прашање доверливите информации од клубот. Затоа агентите на Меси, но пред се неговиот татко веруваат дека дел од хајката доаѓа од клупските структури и дека на овој начин се врши притисок врз Лео да ја оправда својата инвестиција.

Покрај тоа, се шпекулира дека клубот не е задоволен од односот меѓу Меси и Покетино, дека Аргентинците се коректни, но се дистанцирани еден од друг и дека играчот не разбира што бара тренерот од него.

Пред извесно време се шпекулираше дека Меси би можел на крајот од сезонава да се врати назад во Барселона, а за очекување е доколку наскоро не влезе во топ-форма како член  на ПСЖ, овие шпекулации да се интензивираат како што ќе се ближи финишот од шампионатот.

Се вчитува...