Пукна тиквата во ПСЖ: Заедно со тренерот ќе си замине и директорот Леонардо

ПСЖ летово успеа да го доведе Лео Меси во своите редови, но Насер ал Келаифи има причина за незадоволство поради слабото функционирање на „дрим-тимот“. Ова придонесе Маурицио Покетино веќе да биде известен дека на крајот од сезонава ќе го напушти клубот, а заедно со него куферите ќе ги спакува и директорот Леонардо, човекот задолжен за преговори и трансфери од кои „големиот газда“ е сериозно разочаран.

Леонардо пристигна во клубот во 2019 година и беше заслужен за неколку одлични трансфери, но како што одминува времето стана се поочигледно дека Бразилецот не може да најде начин да ги вкомпонира сите „ѕвезди“ на едно место. Токму тоа е причината поради која Мбапе одби да потпише нов договор и летово како слободен играч ќе си замине од „Паркот на принцовите“, откако Леонардо нецели две години преговараше со најдобриот француски фудбалер, но не успеа да го убеди да ја продолжи верноста кон „светците“.

На Бразилецот му се зема за грев и неуспешниот зимски преоден рок, во кој не успеа да се ослободи од ниту еден од прекубројните фудбалери, поради што пропадна договорената позајмица на Ндомбеле од Лион.

Преговорите со Зинедин Зидан за нов тренер се во завршна фаза, но Французинот јасно ставил до знаење дека нема намера да соработува со Леонардо. Ал Келаифи го искористил тоа како „џокер“ за да ја забрза разделбата од директорот, кој ќе си замине од функцијата на крајот од сезонава.

Се вчитува...