„Пума“ ќе го облекува Милан од следната сезона

Фудбалскиот клуб Милан и германскиот спортски бренд „Адидас“ по 20 години ќе ја прекинат соработката, „росонерите“ од следната сезона ќе носат униформи на „Пума“. Милан и „Адидас“ претходно се согласија на предвремено прекинување на соработката,  10-годишниот договор кој двете фирми го потпишаа во 2013 година ќе биде раскинат пет години порано.

Италијанскиот гигант и „Пума“ се согласија на повеќегодишна соработка во која Милан ќе заработува од 10 до 15 милиони евра по сезона, што изнесува речиси пет милиони евра помалку од заработката која клубот ја добиваше од „Адидас“.

„Од 1. јули 2018 година, „Пума“ официјално ќе биде новиот спонзор и изработувач на опремата на фудбалскиот клуб Милан со кој се согласивме на долгогодишна соработка. Милан се приклучува на „тимот“ од големи клубови кои се под нашето крило, како Борусија Дортмунд и Арсенал“, стои во соопштението на спортскиот бренд.

 

Се вчитува...