Двократниот европски шампион Вардар ја информираше јавноста дека ги пушти во продажба билетите за дерби натпреварот против актуелниот шампион на Македонија, Е. Пелистер.
Натпреварот е закажан за 1. октомври, а ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 19 часот.
Продажбата ќе се врши онлајн на следниот линк и на билетарницата на салата, секој работен ден од 10 до 18 часот (почнувајќи од четврток 25 септeмври)
Цените на билетите се:
Блок А2, А3, А5 и А6 – цена – 300 денари
Блок 1, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14, 15, 16 – цена – 250 денари
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

