Ракометната Федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за натпреварот против Луксембург што ќе се игра на 4 ноември во „Борис Трајковски“ во Скопје.
Со овој натпревар ќе биде означен почетокот на квалификациите за ЕП 2027, а нема сомнеж дека селекторот Лазаров и неговите избраници очекуваат традицијата да играат пред полна сала на сите домашни натпревари да биде продолжена и против најслабиот тим во групата.
Од куќата на ракометот информираат дека билетите за овој натпревар и истите се продаваат преку продажната мрежа на „МкТикетс“ по цена од 300 до 500 денари во зависност од местото на седење.
Натпреварот се игра на 4 ноември (среда) во Спортскиот ценар „Борис Трајковски“ со почеток од 19:00 часот.
„Да ја обоиме салата во црвено-жолто и заедно да им дадеме силна поддршка на нашите ракометари!“, повикаа од РФМ.
Покрај селекцијата на Луксембург во нашата група се уште репрезентациите на Шведска и Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
