Пуштени во продажба влезниците за мечот Македонија – Словенија

Влезниците за квалификацискиот натпревар Македонија – Словенија од денеска се пуштени во продажба преку продажната мрежа на @mktickets и на посебен пулт на @ffmacedonia во @skopjecitymall, информираат од ФФМ. По ремито против Израел и триумфот над Летонија во Рига, на македонските фудбалери им е потребна поддршка од трибините за можеби и клучниот дуел во овие квалификации, против Словенија во Скопје на 10 октомври. Со евентуален триумф, Македонија може да се замеша и во борбата за освојување на второто место во групата.

Цените на влезниците се популарни и изнесуваат од 50 до 200 денари. Билет од 50 денари ќе се продава за западната трибина, додека 150 и 200 денари ќе чинат влезниците на јужна и северна трибина од Националната арена „Тодор Проески“.

Се вчитува...