Путин: Европско во фудбал и Светско во одбојка сигурно ќе се одржат во Русија

Русија ќе може да ги организира големите меѓународни натпреварувања, бидејќи ВАДА не ги забрани, изјави претседателот на земјата Владимир Путин.

„Мислам дека тоа нема да биде проблем бидејќи ВАДА не ги забрани одржувањата на натпреварувањата. Тие само им препорачуваат на федерациите првенствата да не се одржат во нашата земја. Пред некој ден разговарав со раководството на УЕФА и тие ми потврдија дека натпреварување во Русија ќе има“, изјави Путин. 

Изврашниот одбор на светската антидопинг агенција (ВАДА) на 9 декември едногласно се изјасни дека Русија не го почитува кодексот на организацијата и одлучи да ја суспендира земјата во следните четири години. Руските спортисти кои се „чисти“ имаат право да учествуваат на натпреварувањата, но под неутрално знаме.

Се вчитува...