Путин го охрабрил Нурмагомедов: Сите ние мора да ја прескокнеме оградата ако не нападнат!

Хабиб Нурмагомедов успеа да ја одбрани светската титула во лесна категорија во УФЦ, но поради хаосот кој го предизвика по мечот предизвика лавина реакции во светската спортска јавност.

Сепак, Хабиб доби безрезервна поддршка од претседателот на Русија, Владимир Путин за потегот кој го направи. На заедничката средба Путин нагласил дека провокациите од противниците го натерале Нурмагомедов да ја прескокне оградата и да се тепа со членовите на тимот на Мекгрегор.

Нурмагомедов, кој во Русија беше пречекан како херој,  му рекол на Путин дека му е жал што ја изгубил самоконтролата, но се налутил кога слушнал дека од тимот на МекГрегор го навредувале неговиот татко и неговата земја.

„Не само ти, но сите ние мора да ја прескокнеме оградата доколку не нападнат. Но, во секој случај ќе му кажам на татко ти да не те казнува многу поради тој потег“ – се пошегувал и Путин на сметка на Хабиб.

Се вчитува...