Путин му честита на Медведев: Така играат правите шампиони

Руската јавност е во „транс“ по триумфот на Данил Медведев на УС Опен, што за Русите беше прва титула на престижното натпреварување по 2000 година. Медведев во финалето славеше против рекетот број еден, Новак Ѓоковиќ на доминантен начин со 3-0, притоа не дозволувајќи му на Србинот да се надева на победа.

Медведев доби честики од сите страни, а еден од нив беше претседателот на Русија, Владимир Путин кој испрати телеграма до својот сонародник.

„На патот до финалето на ова престижно натпреварување покажавте најголема класа и константност во остварување на целта, а во одлучувачкиот меч одигравте со многу самодоверба, и на големиот протиник не му оставивте ни шанса. Така играат правите шампиони“, напиша Путин.

Се вчитува...