Рабио е незадоволен во Јувентус

Адриен Рабио долго чекаше да прејде во Јувентус, но по само поминати неколку месеци во клубот од Торино тој е незадоволен. Тој премина во Јувентус од редовите на Пари Сен Жермен, тим во кој исто така не беше задоволен.

Од доаѓањето во Јувентус, Рабио во игра помина само 27. минути, бидејќи предност во средниот ред има триото Кедира, Пјаниќ и Матиуди. Бидејќи е почеток на сезоната, Рабио се надева дека во продолжение ќе добие поголема минутажа и ќе може да се наметне во првиот тим.

Јувентус по првите четири кола во Серија А има однос од три победи и едно реми и со 10 бода во моментов се наоѓа на второто место, зад Интер кој има 12 бода.

Се вчитува...