Рабио ја избрал Барселона

Францускиот фудбалер Адриен Рабио во лето ќе потпише петгодишен договор со Барселона. Тој како слободен агент ќе се пресели од ПСЖ на „Камп Ноу“ и ќе заработува 10 милиони евра по сезона.

Рабио одби да ја продолжи соработката со Пари Сен Жермен, а беше желба на најголемите европски клубови. За него беа заинтересирани Манчестер сити, Јувентус, Баерн Минхен, Арсенал, Тотенхем, но Рабио сепак се одлучи да ја продолжи кариерата во Барселона.

ПСЖ и јавно објави дека тој ќе биде надвор од тимот во наредните шест месеци, затоа што одбил да ја продолжи верноста кон клубот.

Се вчитува...