Рабио конечно избра – се сели во Реал Мадрид

Адриен Рабио е подготвен конечно да стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина и да потпише договор – со Реал Мадрид. За услугите на плејмејкерот на ПСЖ се интересираа бројни клубови ширум Европа, кои сакаа да ја искористат можноста да ангажираат врвно 24-годишно засилување без никаква отштета.

Барселона беше пред потпис, но во последен момент трансферот се искомпликува, за како победник од целата ситуација да излезе Реал Мадрид. Француската телевизија „Канал Плус“ тврди дека одлуката веќе е донесена, Рабио ќе го носи дресот на „кралевите“, а во целата ситуација помогнало враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал бидејќи токму францускиот стратег го убедил овој фудбалер дека Реал е најдобра опција за него.

Рабио поради одбивањето да потпише нов договор со ПСЖ се уште не тренира со првата екипа и ќе остане изолиран до крајот на сезонава, кога без отштета ќе си замине од „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...