Рабио му даде предност на Рен, па ПСЖ стапи на сцена

ПСЖ ја продолжи победничката серија во француското првенство, славејќи со 1-3 на гостувањето против Рен и оставајќи го зад себе претрпениот пораз во ЛШ од тимот на Ливерпул.

„Светците“ слабо го почнаа натпреварот, па се соочија со проблеми откако Рабио со неспретна интервенција од пет метри со глава го изненади сопствениот голман. За среќа на тимот на Тухел, израмнувањето стигна во финишот од полувремето, кога Анхел ди Марија со удар од работ на шеснаесетникот го совлада домашниот голман.

Во вториот дел на сцена стапи Муние, кој најпрвин биеше прецизно за 1-2, пред да му асистира на Чупо Мотинг при третиот гол за тимот од Париз.

Се вчитува...