Рабио не е задоволен и во Јувентус, сега сака во Барселона

Францускиот интернационалец Адриен Рабио не е задоволен од статусот и минутажата што ги има во италијанскиот првак Јувентус. Иако дојде изминатото лето, тој веќе изразува незадоволство. Претходно имаше слични недоразбирања и во Пари Сен Жермен и речиси цела сезона ја мина во вториот тим. Како слободен агент се пресели во Торино, но и таму не му е сјајно.

Неговата мајка, која воедно е и негов фудбалски агент, наводно отпочнала разговори со Барселона. Каталонскиот клуб беше заинтересиран за негов ангажман и во летниот преоден рок, но на крајот Рабио се реши за Јувентус. Сега се кае за таа одлука и сака да се пресели на „Камп Ноу“. Но, тоа ќе биде многу потешка мисија со оглед дека има петгодишен договор со „старата дама“.

Се вчитува...