Рабио претставен во Торино – Јувентус е чекор пред ПСЖ

Адриен Рабио денеска беше официјално претставен како нов фудбалер на Јувентус. Тој во Торино доаѓа како слободен фудбалер, откако не успеа да постигне договор со тимот од Париз, и поголемиот дел од минатата сезона го помина во штрајк, не прифаќајќи да игра за „светците“ од Париз.

„Брзо постигнавме договор. Јуве има богата историја. Во него играа голем број француски фудбалери. Се надевам дека и јас ќе успеам да донесам нешто ново. Со сето почитување, Јувентус е чекор пред ПСЖ“, изјави Рабио на промоцијата.

 

Се вчитува...