Рабио пристигна во Торино на потпис со Јувентус

Адриен Рабио од утре и официјално ќе стане член на Јувентус, откако францускиот играч за врска попладнево пристигна во Торино, градот каде ќе ги мине следните неколку години од својата кариера. Зад Рабио е една од најдолгите „саги“ во последните години, откако поради одбивање на понудата за нов договор со ПСЖ беше изолиран од првата екипа.

Рабио ги преживеа шесте пеколни месеци и од утре ќе биде слободен играч, а од бројните понуди на негова адреса ја избра токму онаа на „старата дама“. Челниците на Јувентус се согласија да платат бонус од десет милиони евра при самиот потпис, договорени беа и личните услови, по што Французинот денеска со приватен авион слета во Торино.

За утре се закажни деталните лекарски прегледи, по кои Рабио и официјално ќе го стави својот потпис на договорот со „старата дама“. Тој е вториот играч за врска кој летово пристигнува како слободен фудбалер во Јувентус, откако претходно истото го стори и Рамзи од Арсенал.

Се вчитува...