Рабио си поигрува со раководството на ПСЖ

Играчот за врска на Пари Сен Жермен, Адриен Рабио, повторно се најде во фокусот на јавноста во Франција откако ја одби и најновата понуда на клубот за продолжување на соработката. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а Рабио долго време ги одбива сите понуди за да остане на „Паркот на принцовите“. Тој побара од ПСЖ годишна плата од 10 милиони евра, а откако раководството се сложи, сега повторно го „издрибла“.

Очигледно е дека тој не сака и следната сезона да го носи дресот на ПСЖ, а челниците на клубот не можат да се помират дека тој би можел да си замине како слободен агент. За Рабио се интересира Барселона, која исто така е подготвена да му понуди 10 милиони евра годишно доколку дојде без оштета на „Камп Ноу“, а во трката се и Јувентус, Тотенхем и Манчестер јунајтед.

Се вчитува...