„Работиме деноноќно за организација на безбедни игри“

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах изјави дека ИОК работи деноноќно како би организирал сигурни ЛОИ во Токио и покрај проблемите со пандемијата од коронавирусот. Иако поголемиот дел од Јапонија е во вонредна состојба поради третиот бран на инфекцијата, Бах изјави дека сите се посветени на одржување на Игрите, кои треба да го имаат своето отворање на 23. јули, откако беа одложени за една година.

„Наша задача е да ги организираме Игрите, а не да ги откажеме. Поради тоа деноноќно работиме за сигурна организација. Не погодуваме дали тие ќе се одржат, туку работиме на тоа ти е да се одржат“, изјави Бах. 

Тој на крајот додаде дека ширење на шпекулации околу можното откажување на ЛОИ не се корисни за спортистите.

Се вчитува...