Работливо во западен Лондон: Челси го договори и Дени Дринквотер

Челси ја отвори касата на три дена пред крајот на трансфер пазарот, по Оскелјд-Чембрлен, „сините“ го доворорија и Дени Дринквотер од Лестер. Двете страни се согласија на сума од 28 милиони фунти, останува раководството на Челси да најде компромис со Дринквотер околу заработката. Фудбалерот за врска веќе долго време се поврзува со преселба во редовите на актуелниот англиски првак, „лисиците“ имаа големи амбиции мислејќи дека ќе „извадат“ 40 милиони фунти за неговите услуги.

Англискиот репрезентативец во најскоро време треба да пристигне во тренинг центарот на клубот од Лондон, каде ќе треба да ја помине стандардната процедура за комплетиране на трансферот, според информациите од британските медиуми. Дринквотер ќе има шанса повторно да игра покрај поранешниот соиграч од тимот на Лестер, Нголо Канте.

Лестер пак, веднаш тргна по фудбалер кој ќе го пополни отсуството на Дринквотер, се шпекулира дека токму Гжегож Кричовјак од ПСЖ би можел да биде вистинското решение.

  

Се вчитува...