Работнички без мака против „младите штркови“

Работнички без проблеми прокнижи нови бодови на прволигашката табела, откако попладнево славеше на гостувањето против вториот тим на МЗТ Скопје со резултат 72-89. За разлика од првиот меч, што „центарци“ го добија со преубедливи 103-58, овојпат младиот состав на МЗТ многу посолидно му парираше на актуелниот вицепрвак.

„Црвено-белите“ наметнаа силно темпо од самиот почеток, ја добија првата четвртина со 13-23. Домаќините во 18. минута израмнија на 33-33, но тоа беше се што избраниците на тренерот Крстевски успеаја да сторат, Работнички повторно влезе во ритам и не дозволи победата да биде доведена во прашање.

Лесколт со 26 поени беше прв стрелец на Работнички, 18 поени постигна Бенџамин, додека во домашниот состав најефикасни беа Митевски со 17 и Тодоровски со 16 поени.

Се вчитува...