Кошаркарите на Работнички славеа убедлива победа од 97-71 против Куманово во 26. коло од Првата македонска кошаркарска лига.
Тимот од Градски парк без никакви проблеми стигна до триумфот кој беше најавен уште од самиот старт. Работнички ја доби првата четвртина со 24-12 а потоа само рутински ја зголемуваше предноста.
Најефикасен во победничкиот тим беше Стајиќ со 24 поени, дополнети и со 12 асистенции. Јанески постигна 22 поени, Караџовски – 13 поени а Младеновиќ мечот го заврши со 12 поени. Во поразениот тим се издвои Ѓекиќ со 20 поени, додека по 12 поени постигнаа Мекиќ и Тодоровски.
Со овој триумф Работнички сега е со 21 победа и пет порази. На врвот е МЗТ Скопје со 22 победи и 3 порази, и еден натпревар помалку, оној вечерашниот против Кожуф во рамките на оваа рунда натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА