Работнички без никакви проблеми убедлив против Охрид

Кошаркарите на Работнички без апсолутно никакви проблеми триумфираа против Охрид со 86-56, 8. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Тимот од Градски Парк уште од самиот почеток на мечот, добивајќи ја првата четвртина со 21-4 јасно покажа дека не размислува за никакво евентуално изненадување на денешниот дуел.

Убедливо добивајќи ја и втората четвртина со 26-14, Работнички не остави потоа никакви надеж за гостите, чисто рутински одработувајќи го второто полувреме за победа од 30 поени разлика (86-56).

Работнички сега има пет победи и три порази по осум одиграни натпревари во македонскиот шампионат.

Се вчитува...