Работнички без пот до триумф над Академија ФМП

Работнички експресно го остави зад себе разочарувањето во Купот на Македонија, па „центарци“ ја продолжија победничката серија што ја имаат во Првата лига откако вечерва рутински славеа против Академија ФМП со убедливи 99-52. За тимот на Горан Самарџиев ова беше осма прволигашка победа во серија, по последниот пораз што овој тим го претрпе уште на 2 декември 2023 година на домашен терен од Феникс.

Очекувано, денешниот меч мина во апсолутна доминација на домашниот тим кој уште во првото полувреме го обезбеди триумфот. Првото двоцифрено водство „центарци“ го имаа во деветтата минута со 20-10, по што предноста само се зголемуваше. На одмор се замина со преубедливи 47-17 за „центарци“, а преубедливата позитива му овозможи на Самарџиев во продолжението да им даде поголема минутажа и на помладите кошаркари во тимот. Тоа не се одрази врз резултатот, Работнички рутински го контролираше убедливото водство, на крајот славејќи со „плус 47“.

Сите единаесет кошаркари во ростерот на Работнички се запишаа меѓу стрелците, а најефикасни беа Џелетовиќ со 18 и Ефремовски со 15 поени, додека по 12 постигнаа Шошкиќ и Бошалески.

Се вчитува...