Работнички бира нов тренер меѓу Седлоски и Гама

Работнички во моментов е без тренер, откако мината недела раководството го раскина договорот со Ратко Достаниќ. Како што дознава ЕКИПА, тимот од Дебар Маало ќе бира меѓу Гоце Седлоски и Горан Станковски Гама, како главни кандидати за нов шеф на стручниот штаб.

Гоце Седлоски, доколку успее договорот со првиот човек на клубот Драган Поповски, треба да работи заедно со Александар Влахо кој минатата година веќе ги водеше “романтичарите” , додека Станковски веќе подолго време е дел од тимот. Седлоски некое време е без ангажман откако раскина со младинскиот тим на Динамо Загреб.

Работнички, иако располага со играчки потенцијал и за повеќе, имаше солиден есенски дел од сезоната. По 18 одиграни кола Работнички е на 7. позиција на првенствената табела со 24 бода.

Се вчитува...