Работнички добива нов моќен спонзор

Македонскиот прволигаш Работнички ќе добие нов моќен спонзор во пресрет на стартот на новата сезона во Првата лига, дознава ЕКИПА. Преговорите се во завршна фаза, по што и официјално ќе биде објавено името на компанијата, како и амбициите на клубот. Ова го потврдува и претседателот на клубот, Драган Поповски.

„Точно е, подолг временски период имаме преговори со моќен спонзор, кој треба да добие значајна улога во ФК Работнички. Можам да кажам дека се работи за денови, кога името на компанијата ќе биде официјално објавено“, вели Драган Поповски.

Работнички ја заврши минатата сезона на третата позиција и обезбеди настап во квалификациите за Лигата на Европа, но имаше кус престој на меѓународна сцена, со оглед дека доживеа елиминација уште на стартот, од унгарскиот тим Хонвед.

Тимот на Ѓоре Јовановски денеска отпатува за Бугарија, каде во наредните два дена ќе одигра два пријателски натпревари, денеска против кипарскиот тим АЕЛ Лимасол и утре против бугарскиот тим Витоша Бистрица.

Се вчитува...