Работнички договори тест со Црвена Звезда во Анталија

Македонскиот прволигаш Работнички веќе по традиција главниот дел од зимските подготовки ќе го реализира во турската база Анталија, а како финална проверка е закажан дуел со српскиот првак Црвена Звезда. Мечот ќе се одигра на 5 февруари, со почеток во 15 часот, а ќе има и директен пренос на „Арена Спорт“.

„Црвено-белите“ оваа година беа учесници и во групната фаза од Лигата на шампионите, и на домашен терен го победија Ливерпул и ремизираа со Наполи.

Работнички на подготовки во Анталија ќе замине на 25 јануари и ќе остане во турскиот туристички центар до 6.февруари.

Се вчитува...