Работнички е во финале, Куманово без шанси во „Градски парк“

Работнички е првиот финалист во кошаркарскиот плејоф на Македонија откако „црвено-белите“ славеа со максимални 3-0 во полуфиналната серија против Куманово. Како и на претходните два меча, кумановци сторија се што беше во нивна моќ за да приредат изненадување (81-65), но квалитетот и искуството беа на страната на тимот од „Градски парк“, кој заслужено ќе се најде во битката за титулата.

Овојпат целата „приказна“ околу победникот беше решена веќе во првата четвртина. Само по пет минути игра Работнички имаше двоцифрена позитива (14-4), што избраниците на Докузовски ја зголемија до крајот на четвртината на 24-9. Гостинскиот состав немаше сили за камбек, Работнички благодарение на подолгата ротација рутински го одржуваше водството, за на крајот да триумфира со убедливи 81-65.

Американците Гинјард и Еванс беа во главна улога со по 17 поени, 12 постигна Чавдар Костов, додека кај Куманово најдобри поединци беа Стајиќ со 15 и Мекиќ со 12 поени.

Се вчитува...