Работнички ги промовираше дресовите за новата кошаркарска сезона (ФОТО)

Во очекување на почетните подготовки за новата натпреварувачка сезона, КК Работнички ги промовираше новите дресови.

Како што информираа од клубот, по повод 75-годишнината од формирањето на клубот, тимот од Градски парк промовираше опрема со која во новата сезона ќе се атакува на шампионската титула.

Работнички во новата сезона од клупата ќе биде предводен од Тони Симиќ и Диме Тасовски како негов асистент, а спортски директор на клубот ќе биде Ѓорѓи Чековски. Но, навивачите се во очекување на информациите за изгледот на тимот согласно амбициите кои пред два месеци официјално ги најави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

 

 

Се вчитува...