Работнички гласно прашува: Како може да не сме повикани на турнирот за Цевка?

Раководството на КК Работнички се огласи преку соопштение до јавноста откако тимот од „Градски Парк“ не беше вклучен во турнирот што ќе се одржи во наредните денови во чест на прерано починатиот Драган Василов – Цевка.

Општина Аеродром и КФСМ денеска одржаа прес-конференција по повод одржувањето на овој турнир, за вечерва да се јават „центарци“.

„Сакаме, пред се, да ја поздравиме и поддржиме одлуката да се направи турнир во чест на прерано починатиот Драган Василов Цефка. Сепак, сметаме дека е огромен пропуст тоа што на овој меѓународен турнир не е поканет и клубот во кој Цефка ја помина речиси целата своја тренерска кариера. Каде беше тренер на преку 1000 момчиња на возраст од 14 па се до 18 години.

Низ неговите раце поминаа бројни познати кошаркари и македонски репрезентативци, пред сѐ од школата на Работнички, како Перо Антиќ, Емил Рајковиќ, Ѓорѓи Чековски, Александар Јончевски, а во младинските селекции и Димитар Мираковски, Златко Гоцевски, Александар Антиќ, Кирил Павловси. Сите во времето кога Цефка беше во Работнички.

Бараме федерацијата и Општина Аеродром да ни објаснат која е причината поради која Работнички и неговите У16 ТИМ не добија покана на овој турнир на кој му се оддава чест на нашиот ЦЕФКА“, се вели во соопштението на КК Работнички.

Се вчитува...